Руски напад врз Краматорск: 22 повредени по удар со две авиобомби

Руски напад врз Краматорск: 22 повредени по удар со две авиобомби

пред 5 часа

Најмалку 22 лица се повредени во руски воздушен напад со две наведувани авиобомби врз центарот на Краматорск, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин, пренесува „Киев пост“.

Авиобомбите погодиле станбена зграда, а оштетени се и околните станбени и деловни објекти. Спасувачките служби сè уште ги пребаруваат урнатините, додека властите предупредуваат дека бројот на жртви и обемот на штетата сè уште не се конечни.

Филашкин повторно ги повика жителите во близина на линијата на фронтот да се евакуираат, нагласувајќи дека останувањето во Доњецката област е исклучително опасно.

Текстот Руски напад врз Краматорск: 22 повредени по удар со две авиобомби е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top