Руски претставник во Советот за безбедност на ООН: Роман Протасевич беше неонацист

пред 3 години

Уапсениот белоруски новинар Роман Протасевич беше член на украинскиот баталјон Азов, познат како неонацистички полк, поради тоа, за него беше распишана меѓународна потерница, изјави заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН, Дмитриј Пољански.

На прашањето дали Русија ќе побара ослободување на Протасевич, Полјански рече дека „тој навистина беше блогер, но пред тоа тој беше војник во Украина“, пренесуваат руските агенции.

„Тој се бореше во редовите на неонацистичкиот баталјон Азов, заедно со неонацистите и екстремните десничари. Верувам дека затоа белоруските власти распишаа меѓународна потерница за него”, рече Полјански.

Share
Scroll to Top