Руските научници открија нова верзија од јужноафриканскиот вид на вирусот

пред 4 години

Експертите од рускиот државен научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ издвоиле нова верзија на јужноафриканскиот вид на коронавирусо, објави Службата за санитарен надзор и контрола („Роспотребнадзор“).

„Секвенционирањето на целиот геном покажа, покрај мутации што се карактеристични за јужноафриканскиот сој, присуство на две дополнителни делчиња во гените ORF1ab и S“, се вели во соопштението.

Добиениот примерок бил испратен до Државната збирка на вируси, а истражувањето продолжува.

„Во најскоро време ќе се истражи ефективноста за неутрализирање на таа верзија на вирусот со серуми на луѓе кои прележале Ковид-19 или кои биле вакцинирани со руските вакцини“, се додава во соопштението.

„Роспотребнадзор“ на 16 март објави дека јужноафриканскиот вид на вирусот е откриен во Русија. Според информациите од Националниот институт за заразни болести во Јоханесбург, мутациите на новиот вид го прават отпорен на антитела од крвна плазма, чиј донатор бил пациент кој се опоравил од ковид.

Share
Scroll to Top