Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвува за напад врз мети во главниот град на Украина, јавува Би-Би-Си.
Во соопштението објавено попладнево, руските власти најавија дека нивните сили се подготвуваат да извршат „напади со висока прецизност“ врз технолошките центри на украинската служба за безбедност.
„Ги повикуваме граѓаните на Украина кои националистите ги користат за провокации против Русија, како и жителите на Киев кои живеат во близина на радиокомуникациските станици, да ги напуштат своите домови“, се додава во соопштението.
Официјални лица тврдеа дека нападите се со цел да „спречат информациски напади врз Русија“.