Руте не сакаше да ги коментира тензиите меѓу САД и европските сојузници околу Гренланд

Руте не сакаше да ги коментира тензиите меѓу САД и европските сојузници околу Гренланд

пред 2 часа

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу САД и нивните европски сојузници поради барањето на американскиот претседател Доналд Трамп — САД да го преземат Гренланд.

„Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го направам јавно“, рече Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека претседателот Трамп и другите лидери се во право кога велат дека Арктикот мора да биде заштитен од руско и кинеско влијание.

„Мораме да сториме повеќе таму. Мораме да го заштитиме Арктикот од руско и кинеско влијание. Работиме на тоа — да обезбедиме колективна одбрана на арктичкиот регион“, изјави Руте.

Текстот Руте не сакаше да ги коментира тензиите меѓу САД и европските сојузници околу Гренланд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top