Рјабков: Односите меѓу Вашингтон и Москва најлоши од Студената војна

пред 3 години

Русија дефинитивно ќе одговори на последното протерување на нејзините дипломати од САД, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Врските меѓу Москва и Вашингтон се на најниско ниво од Студената војна“, вели тој.

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, во саботата изјави дека уште 27 руски дипломати и нивните семејства се протерани од САД и дека тие ќе заминат на 30 јануари.

Share
Scroll to Top