САД и Израел наводно разгледуваат големи напади врз иранската енергетска инфраструктура

САД и Израел наводно разгледуваат големи напади врз иранската енергетска инфраструктура

пред 5 часа

Соединетите Американски Држави и Израел планираат интензивна воздушна кампања врз иранската енергетска инфраструктура, а нападите би можеле да започнат уште овој викенд, објави „CBS News“, повикувајќи се на повеќе извори.

Според истите извори, се разгледувала можноста операцијата да заврши пред отворањето на финансиските пазари во понеделник, поради загриженоста за можните последици од нападите врз американската и светската економија. Сепак, конечен временски распоред сè уште не е утврден.

Израел информиран за плановите

Повеќе американски извори тврдат дека Израел бил информиран за плановите и дека координира активности со САД. Во исто време, тие наведуваат дека претседателот Доналд Трамп сè уште нема издадено конечна наредба за почеток на нападите.

Евентуалната заедничка операција би означила враќање на Израел кон воени дејствија што беа прекинати за време на примирјето постигнато со американско посредство.

Еден израелски функционер изјавил за „CBS News“ дека Израел не е запознаен со одлука за повторно започнување на големи воени операции, ниту дека од него било побарано учество во какви било воени активности против Иран.

Трамп: „Ќе ги погодиме многу силно“

Според извори запознаени со состанокот, планот за воен удар бил една од темите на состанокот на кабинетот на Трамп во Кемп Дејвид. Еден од изворите тврди дека дел од претставниците на Белата куќа задолжени за политички прашања се спротивставиле на идејата.

За време на состанокот со новинарите, Трамп изјавил:

„Ќе ги погодиме многу силно. Во одреден момент ќе кажат: ‘Ова повеќе не можеме да го издржиме’.“

На прашањето дали постои можност за продолжување на дипломатијата, тој одговорил: „Мислам дека само сакаме да победиме“.

Според изворите, меѓу можните цели се електрани, рафинерии и друга енергетска инфраструктура.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјавила дека САД ќе победат и дека Иран нема да има нуклеарно оружје додека Трамп е претседател.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, не ги коментирал можните цели, но нагласил дека Министерството за одбрана е подготвено да ги спроведе наредбите на претседателот.

Се разгледува можноста за прекин на струјата во Техеран

Поранешен американски воен функционер изјавил за „CBS News“ дека нападите врз енергетската инфраструктура би можеле да ја ослабат способноста на иранската армија да обезбедува клучни услуги и ефикасно да управува со државата.

Според израелски функционер, на неодамнешната средба меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху биле разгледани три можни опции за продолжување на конфликтот, меѓу кои и напади врз копнени линии за снабдување.

Нетанјаху се сретнал и со американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Американски функционер изјавил дека САД во текот на конфликтот веќе гаѓале мостови со двојна намена, кои ги користеле и војската и цивилите. На високо ниво биле разгледувани и можни мерки за прекин на снабдувањето со електрична енергија во Техеран, но до попладневните часови не била донесена одлука.

Трамп минатата недела на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави дека за секој напад врз брод во Ормутскиот Теснец ќе следи бомбардирање и уништување на еден ирански мост или електрана.

Текстот САД и Израел наводно разгледуваат големи напади врз иранската енергетска инфраструктура е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top