Соединетите Американски Држави распоредуваат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот со Иран, јавува германската агенција „ДПА“, повикувајќи се на информации на „Волстрит журнал“ и „Њујорк тајмс“.
Според медиумите, во регионот се испраќаат авиони Ф-16 од американската база во Германија и Ф-35 од британската база РАФ Лејкенхит, како и авиони за дополнување гориво во воздух.
Американски претставници оценуваат дека потегот се толкува како подготовка за можно проширување на воените операции против Иран, откако примирјето постигнато во јуни пропадна, а борбите повторно се разгореа околу Ормускиот Теснец. Во изминатите денови САД изведуваа напади врз цели во Иран, додека Техеран возврати со напади врз американски сојузници и воени објекти во регионот.
Текстот САД испраќа дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.





