За време на разговорот со неговиот руски колега Јуриј Ушаков, Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џозеф Бајден, ја изразил подготвеноста на Вашингтон да се вклучи во дипломатијата преку повеќе канали, вклучително и билатерални разговори, соопшти Белата куќа.
Саливан му рекол на Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, дека секој дијалог мора да се заснова на реципроцитет и треба да одговори на загриженоста на САД и нивните сојузници за дејствијата на Русија, објави Ројтерс.
Агенцијата наведува дека Москва го вознемирила Западот со акумулација на војници во близина на Украина и дека минатата недела презентирала листа на безбедносни предлози за кои сака да преговара, вклучувајќи и барање, НАТО да се откаже од каква било воена активност во Источна Европа и Украина.
„Саливан кажа дека САД се подготвени за дипломатски контакти преку различни канали. Можеме да зборуваме и за билатерални контакти, преку Советот Русија-НАТО или во рамките на ОБСЕ“, се вели во соопштението на Советот за национална безбедност на САД.