Шји Џинпинг прогласи победа над сиромаштијата во Кина

пред 3 години

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг на церемонијата во Пекинг објави целосна победа во борбата против руралната сиромаштија со цел да ја одбележи 8-годишнината од својот мандат.

Државните медиуми јавуваат дека Шји е заслужен што близу 100 милиони луѓе веќе не припаѓаат на сиромашните, што е цел што беше постигната во декември, а беше објавена оваа година, кога владејачката Комунистичка партија слави 100 години постоење.

„Владејачката комунистичка партија на Кина и кинескиот социјалистички систем се основни гаранти против ризиците, предизвиците и тешкотиите“, рече кинескиот претседател во говорот во Големата народна сала.

Тој ги одликуваше клучните луѓе во борбата против сиромаштијата.

Некои експерти за глобална политика сметаат дека Кина ја постави линијата на сиромаштија прениско во нејзината дефиниција и дека се потребни одржливи инвестиции за да се продолжи развојот во најсиромашните области.

Кина ја дефинира екстремната сиромаштија како годишен приход по глава на жител кој е под 4.000 јуани (620 американски долари) или околу 1,69 американски долари на ден. Границата утврдена од Светска банка е 1,90 долари на ден.

Share
Scroll to Top