Се огласи ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде

Се огласи ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде

пред 4 часа

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, напиша дека Иран никогаш нема да им се предаде на ционистите во серија објави на социјалната мрежа X.

„Нема да имаме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Друг гласи: „Битката започнува“.

Ова се првите јавни изјави на Хамнеи откако американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД знаат каде е иранскиот лидер, но дека „тие нема да го убијат… барем засега“.

Порано оваа недела беше објавено дека Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз Хамнеи.

Текстот Се огласи ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top