Се појави проблем за австриските власти – не ќе можат да почнат со казнување на невакцинираните

пред 3 години

Законот за воведување задолжителна вакцинација против коронавирус во Австрија од денеска стапи на сила, но има проблеми со неговото спроведување.

Порталот преку кој треба да се регистрираат сите ослободувања од задолжителната вакцинација, не е навреме завршен, па може да почне со работа, можеби дури во април.

Станува збор за портал на кој, како што предвидува законот, треба да се пријават сите лица кои добиле потврда од лекар дека не можат да се вакцинираат од медицински причини.

Тој интернет-страница требаше да биде засебен дел од електронската здравствена евиденција (ЕЛГА).

Австриските власти претпоставуваат дека околу четвртина милион луѓе нема да можат да се вакцинираат поради медицински причини.

Преку внесување податоци на страницата, полицијата и сите други надлежни органи би имале можност да го контролираат ова ослободување.

Доцнењето на порталот спречува невакцинираните, кои не можат да ја примат вакцината, да бидат изземени од примената на законот.

Според медиумите, надлежните органи тврдат дека во неколку наврати ја предупредувале власта за проблемите.

Поради доцнењето на страницата, казнувањето на граѓаните кои не се вакцинирани веројатно ќе почне подоцна, не како што беше планирано на 16 март, туку дури на 22 април.

Дополнителен проблем на австриската влада е што не може да ја спроведе планираната лотарија за вакцинираните.

Имено, беше планирано секој десетти со некаков вид на лотарија, да добие награда за вакцинација со ваучер од 500 евра.

Сепак, јавниот сервис ОРФ соопшти дека не може да ја спроведе лотаријата од правни причини.

Share
Scroll to Top