Денеска Европската комисија го дава првото мислење за доделување кандидатски статус на Украина, но сите 27 земји-членки мора да дадат зелено светло пред да почне долгиот преговарачки процес.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Никогаш во историјата на Европската унија не е донесено мислење за толку кратко време од денот на кандидатурата, но преседан беше направен со руската инвазија на Украина, која влезе во четвртиот месец и е дел од пошироката поддршка на Европа за официјален Киев во отпорот на агресорот.
Париз, Берлин и Рим побараа Украина да добие официјален кандидатски статус веднаш, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот во Киев, каде што пристигна со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.
Киев ја поднесе својата кандидатура по почетокот на руската агресија на 24 февруари, а оттогаш украинскиот претседател Володимир Зеленски не престанува да ја повикува ЕУ да докаже „дека зборовите на Брисел за припадноста на украинскиот народ кон европското семејство не се залудни“.
„Украина е подготвена да работи за да стане полноправна членка на Унијата“, рече Зеленски.
Сепак, овој процес одзема многу време и земјата кандидат треба да исполни голем број политички и економски критериуми (демократија, владеење на правото, заштита на малцинствата, одржлива пазарна економија) и да го вклучи европското право во своето законодавство.
Германскиот канцелар за време на посетата на Киев изјави дека процесот „може да потрае многу долго“, но дека е важно да им се даде надеж на Украинците“.
Шолц не сакаше да шпекулира колку долго може да потрае ова, но рече: „Вреди – и тоа е пораката“.
Украина склучи Договор за асоцијација со ЕУ, кој е во сила од септември 2017 година.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која двапати патуваше во Украина од почетокот на агресијата, призна дека властите на земјата направиле многу за да можат да се кандидираат, но сепак имаат „огромна работа пред себе, особено во борбата против корупцијата и почитувањето на владеење на правото.