Седум земји, меѓу нив и САД, бараат крај на нападите врз цивилна инфраструктура во Иран

Седум земји, меѓу нив и САД, бараат крај на нападите врз цивилна инфраструктура во Иран

пред 3 часа

Министрите за надворешни работи на групата Г7 повикаа на итен прекин на нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во војната во Иран.

Во заедничка изјава договорена на вториот ден од состанокот во Франција, земја домаќин оваа година, министрите нагласија дека е важно да се намали влијанието на конфликтот врз регионалните партнери, цивилното население и критичната инфраструктура.

„Се фокусиравме на значењето на партнерствата, координацијата и иницијативите за поддршка, вклучително и ублажување на глобалните економски шокови, како нарушувањата во синџирите на снабдување, кои имаат директно влијание врз граѓаните“, се наведува во изјавата.

Министрите повторно ја истакнаа и потребата од враќање на безбедна и слободна пловидба низ Ормуски теснец.

Членки на Г7 се САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, додека Европската унија учествува на сите состаноци како постојан член.

Текстот Седум земји, меѓу нив и САД, бараат крај на нападите врз цивилна инфраструктура во Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top