Седум тела во распаѓање пронајдени во контејнер кој во Паргавај стигнал од Србија

пред 3 години

Во контејнер во Парагвај кој стигнал од Србија биле пронајдени  седум тела во распаѓање, соопштија властите во Парагвај.

Контејнерот пред три месеци од Србија бил пренесен во Парагвај преку Аргентина.

Засега потврден е идентитетот на четири лица. Станува збор за тројца млади момчиња со мароканско потекло и еден со египетско.

Според податоците на локалните власти, тие тргнале од Србија во Хрватска, каде мигрантите, како што се претпоставува, веројатно планирале да го продолжат патот. Потоа стигнале до Парагвај преку Египет, Шпанија и Аргентина, откако минале скоро 20.000 километри, а со себе имaле хрaнa и водa сaмо за 72 чaсa.

Share
Scroll to Top