Сенатот потврди – Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД

пред 4 години

Американскиот Сенат го потврди Ентони Блинкен за нов државен секретар со двопартиска поддршка. Блинкен, кој е ветеран во дипломатијата и долгогодишен советник на претседателот Џо Бајден, го доби потребното мнозинство во 100-члениот Сенат. Тој го наследи Мајк Помпео, кој беше еден од членовите на кабинетот на претседателот Доналд Трамп со најдолг стаж. Блинкен ќе има задача да ја обнови американската дипломатија и глобалниот ангажман по четири годишната политика на Трамп „Најпрвин Америка“, обележана со презир кон меѓународните институции и судири со сојузниците и конкурентите.

Меѓу неговите први приоритети ќе биде деескалација на зголемените тензии со Иран, обнова на оштетените односи со сојузниците и управување со сè поиздржливите односи со Кина.

Share
Scroll to Top