СЗО бара 11,5 милијарди долари за борба против делта-сојот

пред 3 години

Светската здравствена организација бара 11,5 милијарди долари во итни средства за борба против повеќе заразниот делта-сој од коронавирусот, се наведува во нацрт -извештајот до кој „Ројтерс“ имаше пристап.

Голем дел од парите што се бараат од партнерите на СЗО се потребни за купување тестови, кислород и маски за лице за посиромашните земји, според документот, кој се очекува да биде објавен оваа недела.

Како што е соопштено, извештајот, кој се уште може да се промени, ги прикажува резултатите и финансиските потреби на програмата ACT за поддршка на вакцините, третманот и дијагнозата на Ковид-19 ширум светот.

Програмата, која беше воспоставена на почетокот на пандемијата, се уште е недоволно финансирана, а нејзините координатори стравуваат дека ќе остане таква, за „Ројтерс“ изјавил неименуван претставник на ACT.

Како резултат на тоа, СЗО намали скоро 5 милијарди долари во вкупните барања за дополнителни средства, покажува документот, а сепак ѝ се потребни 16,8 милијарди долари, речиси онолку колку што досега се собрани. Итно се потребни 7,7 милијарди долари.

Во документот, исто така, се бараат дополнителни 3,8 милијарди долари, така што следната година ќе може да се испорачаат 760 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Share
Scroll to Top