СЗО: Бројот на починати од Ковид-19 е трипати поголем од официјалната статистика

пред 3 години

Светската здравствена организација соопшти дека најверојатно ќе се соочиме со значително намалување на вкупниот број смртни случаи директно или индиректно припишани на ковид.

Презентирајќи го Статистичкиот годишник за светското здравје, СЗО процени дека во 2020 година најмалку три милиони луѓе починале од последиците на Ковид-19, односно 1,2 милиони повеќе од евидентираните.

Агенцијата на Обединетите нации проценува дека 3,4 милиони смртни случаи до јуни 2021 година може да бидат директно поврзани со пандемијата на Ковид-19.

„Тој број може да биде два до три пати поголем“, рече Самира Асма, асистентка на началникот на одделот на СЗО за оваа анализа.

„Затоа мислам дека процената би можела да биде 6 до 8 милиони починати“, додаде таа.

Аналитичарот на СЗО за податоци, Вилијам Мсембури, рече дека проценката опфаќа непријавени смртни случаи од Ковид-19, како и лица кои починале поради недоволен болнички капацитет и епидемиолошки ограничувања.

Официјалниот број го намалува целосниот ефект на болеста, рече Мсембури.

Share
Scroll to Top