Во текот на изминатата недела ширум светот се регистрирани 21 милион нови случаи на коронавирус, што е најголем неделен број на новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Според соопштението, бројот на смртни случаи останува главно непроменет, со повеќе од 50.000 починати, пренесува агенцијата АП.
Во својата неделна проценка на пандемијата, СЗО наведува дека бројот на новозаразени со коронавирусот е зголемен за пет проценти, но исто така и дека се чини оти стапката на раст забавува.