СЗО ја повика Танзанија да ја следи науката во принципите на лекување на Ковид-19

пред 4 години

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Танзанија да ја следи науката, еден ден откако претседателот на Танзанија рече дека вакцините против Ковид-19 се опасни и непотребни ако луѓето веруваат во Господ и користат алтернативни лекови, како што е инхалација со пареа.

Директорот на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, преку објава на „Твитер“, ја повика Танзанија да ги засили мерките за заштита на јавното здравје, како што се носење заштитни маски и да се подготви за кампања за вакцинирање против Ковид-19.

Претседателот на Танзанија Џон Магуфули во средата рече дека вакцината може да биде дел од странски заговор за ширење на болеста и кражба на богатството на Африка.

„Ние во Танзанија успеавме да останеме без корона една година. Нашиот Бог е надвор од Сатаната и Сатаната секогаш неуспешно ќе користи разни болести”, рече Магуфула.

Тој претходно ги исмеваше тестовите за коронавирус и тврдеше дека давале позитивен резултат на овошје.

Танзанија не објавува податоци за заразени со коронавирус од 8 мај, кога имаше 509 случаи на инфекција и 21 починат.

Share
Scroll to Top