Синот на норвешка принцеза осуден за силување: судот ја поништи одлуката за пуштање на слобода

Синот на норвешка принцеза осуден за силување: судот ја поништи одлуката за пуштање на слобода

пред 2 часа

Мариус Борг Хојби, најстариот син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, ќе остане во притвор, одлучи денеска Апелациониот суд, пренесува новинската агенција НТБ. Претходно оваа година, Хојби беше осуден на четири години затвор за повеќе кривични дела, вклучително и две точки за силување.

Тој поднесе жалба на пресудата, а постапката пред Апелациониот суд – во која повторно ќе се разгледуваат обвиненијата за силување и семејно насилство врз неговата поранешна девојка – треба да започне во февруари. Досега, притворот на 29-годишникот беше продолжуван во интервали од по четири недели.

Жалба на одлуката
Во понеделникот, судот во Осло нареди Хојби да биде пуштен од притвор – претходно тој го издржуваше притворот во домашни услови, носејќи електронска алка за следење, додека престојуваше кај неговата мајка и очув, престолонаследникот Хакон, на имотот Скаугум.

Неговиот правен тим во понеделникот изнесе аргументи дека понатамошниот притвор станал „неиздржлив“ за него. Сепак, обвинителството веднаш поднесе жалба на одлуката, а во средата Апелациониот суд ја укина истата.

„Се надевавме на поинаков исход, но ја прифаќаме одлуката на Апелациониот суд“, изјавија адвокатите на 29-годишникот. „Сега детално ќе го разгледаме образложението на судот и ќе разговараме за следните чекори со Хојби.“

Текстот Синот на норвешка принцеза осуден за силување: судот ја поништи одлуката за пуштање на слобода е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top