Синот на Трамп сподели објава по нападот во Сиднеј: „Толку тажно. Толку вистинито“

Синот на Трамп сподели објава по нападот во Сиднеј: „Толку тажно. Толку вистинито“

пред 5 часа

Доналд Трамп Помладиот, син на американскиот претседател Доналд Трамп, сподели една од објавите што се појавија на социјалните мрежи по вчерашниот терористички напад на плажата Бонди во Сиднеј.

Оригиналната објава содржеше фотографии од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и терористот Навид Акрам. „На еден од овие мажи му е забранет влез во Австралија“, се вели во пораката.

Трамп Помладиот ја сподели објавата пишувајќи: „Неверојатен твит. Толку тажно. Толку вистинито“.

Што се знае за терористите?
Татко и син, 50-годишниот Саџид Акрам и 24-годишниот Навид Акрам, убија 15 лица на настан организиран по повод Ханука. Саџид беше убиен на местото на настанот, а Навид беше однесен во болница и е во критична состојба.

Австралискиот министер за внатрешни работи Тони Бурк рече дека Саџид влегол во Австралија со студентска виза во 1998 година, а Навид е роден во Австралија во 2001 година.

За потсетување, властите на австралиската држава Викторија во јануари 2022 година одлучија да не му дозволат на Новак Ѓоковиќ да влезе во земјата, а тогашниот тенисер број еден во светот беше испратен дома. Српскиот тенисер не ја прими вакцината против коронавирусот и затоа не можеше да влезе во Австралија и да игра на првиот гренд слем во сезоната.

Најдобриот тенисер во светот и десеткратен победник на Австралија опен чекаше со часови во имиграциски притвор по слетувањето во Мелбурн, неговиот мобилен телефон беше конфискуван и го чуваа двајца полицајци. Ѓоковиќ беше исто така испрашуван со часови, а беа проверени и документите што го потврдуваат неговото ослободување од вакцинација.

Текстот Синот на Трамп сподели објава по нападот во Сиднеј: „Толку тажно. Толку вистинито“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top