Скратен рокот на важноста на сертификатот за излечените од Ковид-19 во Германија

пред 3 години

Германскиот институт Роберт Кох го скрати рокот на важност на сертификатот за излечените од коронавирусот, така што наместо шест месеци од сега, сертификатот кој го исполнува правилото „2G“ ќе важи само три месеци.

Инаку, статусот на излечени може да се добие само 28 дена по инфекцијата, така што ефективниот статус на излекуван важи само 62 дена.

Оваа мерка стапи на сила во саботата, се спроведуваше без најава и беше објавена дури денеска, па многу Германци сега мора да бидат информирани за исполнување на статусот „2G“.

Имено, правилото „2G“ се применува за влез на многу места, што значи дека лицето мора да има потврда за вакцинација.

Share
Scroll to Top