Словачка е втора членка на ЕУ што започна да ја користи вакцина „спутник В“

пред 3 години

Словачка е втора земја во Европската Унија што започна со имунизација со руската вакцина „спутник В“, што не беше одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Словачка ја одобри вакцината на 26 мај и има на располагање 200.000 дози.

Сепак, досега само 5.000 луѓе се пријавија за „спутник В, а првата земја на ЕУ што го одобри тоа беше Унгарија.

Тајната набавка на руската вакцина во Словачка предизвика политичка криза во март, што резултираше со пад на владата во оваа земја.

Словачка ги користи и вакцините од „Фајзер“, „Модерна и на „Астра зенека“, сите одобрени од ЕМА.

Share
Scroll to Top