Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој во средата беше тешко ранет во обид за атентат, имаше уште една операција.
Ова го потврди министерот за одбрана Роберт Калињак пред болницата во Банска Бистрица, каде премиерот е од средата по атентатот.
Операцијата траеше околу два часа, а лекарите се обидоа „да ја поместат состојбата на пациентот на позитивна прогноза“, рече Калињак.
Тој додаде дека „ситуацијата е сè уште многу сериозна, но премиерот е свесен“.
„Првите четири дена по пукањето се најсложените“, рече Калињак за состојбата на премиерот.
Тој додаде дека „е порасположен бидејќи гледа напредок“.
Според него, денешната операција покажала дека првата операција била добро направена.
Словачка доби неколку понуди од повеќе земји за лекување на премиерот.
„Сите ние, вклучително и премиерот, имаме апсолутна доверба во капацитетите на Факултетската болница во Банска Бистрица“, рече министерот за одбрана.
Тој додаде дека не се сомнева оти премиерот е во добри раце и неговото лекување ќе продолжи во Словачка.
Директорката на болницата во Банска Бистрица Миријам Лапуникова најави дека болницата има се што е потребно за лекување на премиерот. Таа најави дека на располагање е и кардиолошки тим.
Таа додаде и дека секој ден накратко ќе ја информира јавноста за здравствената состојба на премиерот.
Текстот Словачкиот премиер повторно опериран: последните информации за состојбата на Роберт Фицо два дена по атентатот е превземен од МАКФАКС.





