Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар полесно повредена во сообраќајна несреќа при враќање од Хрватска

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар полесно повредена во сообраќајна несреќа при враќање од Хрватска

пред 2 часа

Наташа Пирц Мусар се здобила со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера додека се враќала од годишен одмор во Хрватска. По превентивно задржување во болница, денеска е пуштена на домашно лекување.

Несреќата се случила во тунелот Кастелец, додека претседателката патувала кон Коменда, каде што требало да присуствува како почесна покровителка на почетокот на тридневна велосипедска манифестација посветена на словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, неодамнешен победник на трката Тур де Франс.

По несреќата, Пирц Мусар била пренесена во Општата болница во Изола. Од Кабинетот на претседателката соопштија дека таа им се заблагодарила на сите итни служби за брзата интервенција, а особено на медицинскиот персонал во болницата.

Полициската управа Копер соопшти дека несреќата се случила во петокот во 16:57 часот на автопатот кон Љубљана. Во неа учествувале две службени полициски возила од придружбата на штитено лице.

Според првичните информации, повредени се две лица. Едното се здобило со полесни, а другото со тешки повреди. Двете лица биле пренесени во болницата во Изола, а идентитетот на потешко повреденото лице не е објавен.

Поради увидот и интервенцијата на итните служби, тунелот Кастелец бил затворен за сообраќај до 20:19 часот. Полицијата соопшти дека истрагата за причините за несреќата продолжува и дека за случајот е известено и надлежното Специјализирано државно обвинителство.

Текстот Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар полесно повредена во сообраќајна несреќа при враќање од Хрватска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top