Сметките за струја и гас за домаќинствата во Германија значително ќе се зголемат од почетокот на следната година поради повисоките големопродажни цени на енергенсите и зголемените мрежни надоместоци, предупредуваат аналитичарите.
Според интернет-платформата за споредба на цени „Веривокс“, регионалните снабдувачи најавиле вкупно 329 корекции на цените за декември, јануари и февруари, со просечно поскапување од осум проценти.
Енергетскиот експерт Торстен Шторк објаснува дека големопродажните цени на гасот и електричната енергија нагло пораснале од почетокот на војната во Иран во февруари годинава. Цените на гасот речиси се тројно зголемени од почетокот на годината, а Германија сè повеќе зависи од увоз на течен природен гас.
За тричлено домаќинство со годишна потрошувачка од 4.000 киловат-часови електрична енергија, поскапувањето би значело дополнителен трошок од околу 128 евра годишно. Повисоки сметки за струја се очекуваат за околу 3,7 милиони домаќинства.
Истовремено, домаќинствата во семејни куќи со годишна потрошувачка од 20.000 киловат-часови гас ќе плаќаат во просек по 370 евра повеќе годишно. Поскапувањето на гасот ќе погоди околу 1,9 милиони домаќинства.
Текстот Сметките за струја и гас стануваат поскапи за Германците е превземен од МАКФАКС.





