Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е подготвен да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров следната недела, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Според него, во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации, Блинкен рекол дека предложил следната недела да се сретне со рускиот министер за надворешни работи во Европа, бидејќи смета дека единствен одговорен начин за решавање на оваа криза е преку дипломатија и дијалог.
„Русите одговорија на предложените датуми за крајот на следната недела, кои ги прифативме, под услов да нема понатамошна руска инвазија на Украина“, изјави Прајс за руската агенција ТАС С.
„Доколку тие (Русија) изврши инвазија во наредните денови, ќе биде јасно дека никогаш сериозно не се занимавале со дипломатија. Ќе продолжиме да бидеме во координација со нашите сојузници и партнери и да поттикнуваме понатамошен ангажман со Русија преку Советот НАТО-Русија и ОБСЕ“, заклучи Прајс.