Соединетите Држави и понудија на Украина заем од 1 милијарда долари за помош на економијата на земјата во време кога Русија врши воен притисок со собирање војници, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
„Оваа понуда ќе ја зајакне способноста на Украина да обезбеди економска стабилност, раст и просперитет на својот народ во светло на дестабилизирачкото однесување на Русија“, рече Блинкен.
Тој додаде дека силното партнерство меѓу Украина, Меѓународниот монетарен фонд, другите меѓународни финансиски институции, Г7 и другите билатерални донатори ќе помогнат во овој потфат.
We are working closely with allies to mobilize robust international support for Ukraine, including a U.S.-backed sovereign loan guarantee of up to $1 billion to support key reforms. This support will bolster Ukraine’s ability to deliver prosperity for its people.
— Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) February 15, 2022