Сопругот носел мажи во нивниот дом  за да ја злоупотребуваат додека била без свест: Жижел Пелико објави мемоари за случајот со масовното силување

Сопругот носел мажи во нивниот дом за да ја злоупотребуваат додека била без свест: Жижел Пелико објави мемоари за случајот со масовното силување

пред 3 часа

Жизел Пелико (73), Французинка која преживеала бројни силувања додека била без свест, објави мемоари во кои ги опишува траумите што ги претрпела и причините зошто решила да јавно да проговори.
Книгата „Химна на животот“, објавена во вторник, го следи случајот од 2024 година што ја направи Пелико глобален симбол на борбата против сексуалното насилство и ја поттикна Франција да ги реформира законите за силување, објави Ројтерс.

Објаснувајќи зошто се откажала од правото на анонимност, Пелико изјавила дека сака јавноста да ги види лицата на обвинетите и да се прашува како силувачите можат да бидат препознаени меѓу соседите и колегите.

Во своите мемоари, таа го опишала моментот кога полицијата ѝ покажала фотографии од неа во несвест во кревет со непознати мажи и рекла дека 53 мажи дошле во нејзиниот дом за да ја силуваат.

Покрај нејзиниот поранешен сопруг Доминик Пелико, уште 50 мажи беа осудени за силување.

Пелико пишува дека планира да го посети својот поранешен сопруг во затвор за да добие одговори на прашањата за злоупотребата и обемот на злосторството.

Како што рече, сила добила од илјадници писма за поддршка од жени од целиот свет и присуството на граѓани пред судницата додека траело судењето.

Во книгата, таа опишува и како повторно ја пронашла љубовта со маж што го запознала преку пријател, наведувајќи дека „вербата во луѓето станала нејзина сила и одмазда“.

Текстот Сопругот носел мажи во нивниот дом за да ја злоупотребуваат додека била без свест: Жижел Пелико објави мемоари за случајот со масовното силување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top