Состанок на лидерите на ЕУ вечерва за најсилниот пакет санкции на ЕУ досега

пред 3 години

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ вечерва во 20 часот во Брисел ќе се сретнат на вонреден самит посветен на кризата во Украина и односите со Русија, на кој ќе одлучуваат за воведување нов пакет санкции против Русија.

Претседателката на Европската комисија, најави дека на лидерите на ЕУ ќе им претстави пакет рестриктивни мерки против Русија, за кој се наведува дека е „најсилниот пакет санкции што Унијата некогаш го усвоила“.

Дипломатски извори од ЕУ најавуваат дека овие санкции би можеле да се однесуваат и на забраната за извоз на руска нафта и јаглен во ЕУ.

Share
Scroll to Top