Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

пред 3 години

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти зарзени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е критична, соопшти Министерството за здравство.

Земјата, со 10,7 милиони жители, беше една од најтешко погодените на глобално ниво во последните неколку недели, а голем дел од регионалните болници, кои беа преплавени со пациенти од коронавирус, беа принудени дел од пациентите да ги префрлат во други болници, стотина километри подалеку, пишуваат чешките медиуми.

„Големиот број на новозаразени лица со коронавирус го зголемија притисокот врз здравствениот систем, а расте и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација“, соопшти министерството.

„Во некои региони, болниците ги исцрпија своите капацитети и повеќе не можат да обезбедат соодветна грижа или да примаат нови пациенти без помош на други земји“, рече во изјавата министерот за здравство .

Share
Scroll to Top