„Спутник В“ бара дозвола за пазарот на Европската Унија

пред 4 години

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), производител на вакцината „Спутник В“, поднесе барање до Европската агенција за лекови за регистрација на вакцината во Европската Унија и очекува таа одлука да биде донесена во февруари, објави РДИФ на својот официјален твитер-профил за вакцината „Спутник В“.

Во соопштението издадено од РДИФ на „Твитер“ се вели дека тимовите на производителот на вакцината „Спутник В“ и Европската агенција за лекови (ЕМА) извршиле експертска анализа на 19 јануари и дека врз основа на таа анализа, ЕМА ќе донесе одлуки во врска со регистрацијата.

Share
Scroll to Top