Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати писмо до српската влада во кое бара милион евра од слободните средства да и бидат префрлени на хрватската влада како помош поради низата земјотреси коишто ги погодија.
Во вторникот во Зајечар, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да и помогне на Хрватска и дека се надева оти земјотресот поминал со минимални жртви.
„Подготвени сме да пружиме секаков вид на помош. Сакам Хрватска да закрепне брзо, брзо да ги обнови сите капацитети. Многу ми е жал и подготвени сме да обезбедиме секаков вид техничка и финансиска помош“, рече тој.