Стејт департмент: НАТО е подготвен да разговара со Русија

пред 3 години

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за претстојниот дијалог со Русија, соопшти Стејт департментот.

Прес-службата на Стејт департментот изјави дека НАТО е подготвен за важен разговор со Москва, но нагласи и дека е обединет со цел да се спречи „натамошна агресија врз Украина“, пренесе ТАС С.

„Секретарот Блинкен денеска разговараше со Столтенберг за претстојниот состанок меѓу НАТО и Русија. Алијансата е подготвена за разговори со Русија и е обединета против натамошната агресија врз Украина“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Share
Scroll to Top