Столтенберг: Во Европа се случува најголемото трупање војници по Студената војна

пред 3 години

Во Европа во моментов се случува најголемото трупање војници по Студената војна, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој предупреди дека бројноста на руските сили што се распоредуваат во моментов, го надминува потребниот број на трупи за воени вежби.

Првиот човек на НАТО предупреди дека Русија сега има капацитет да изврши инвазија без предупредување.