Судир на камион и автобус во Египет: Најмалку 10 лица загинаа, меѓу кои 4 Французи

пред 3 години

Камион и туристички автобус денеска се судрија во јужен Египет, при што загинаа најмалку 10 лица, меѓу кои четворица Французи и еден белгиски државјанин.

Несреќата се случила на автопатот, на околу 55 километри јужно од античкиот град Луксор. Туристичкиот автобус патувал до храмовите на Есна на западниот брег на Нил. При судирот автобусот се запалил.

На местото на несреќата пронајдени изгорени тела

Загинаа најмалку 10 лица. Меѓу жртвите има и пет Египќани. Најмалку 14 лица се повредени, меѓу кои осум Французи и шест Белгијци. Засега не е позната причината за несреќата, пишува ABC News.

Властите пронашле изгорени тела на местото на несреќата. Гувернерот на провинцијата Асван, Ашраф Атија изјави дека повредените се пренесени во болница и се во стабилна состојба.

Илјадници луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи во Египет поради лошата безбедност во сообраќајот. Така, во 2019 година се евидентирани околу 10.000 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле повеќе од 3.480 лица. Несреќите или судирите главно се предизвикани од брзо возење, лоши патишта или лошо спроведување на законот.

Share
Scroll to Top