Тело на Авганистанец било пронајдено во едно од тркалата на американски транспортен авион Ц-17, неколку часа откако полетал од меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул.
Телото пронајдено во тркалото го направило авионот привремено неисправен, пренесува бриселскиот портал „Политико“.
Министерството за одбрана на Авганистан привремено ги прекина воените и цивилните летови во обид да ги спречи Авганистанците, очајни да побегнат од талибанскиот режим, да прават турканици околу аеродромот и пистата, изјави во понеделникот портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Пентагон распореди околу 5.000 војници за да помогнат во обезбедувањето на аеродромот за да можат илјадници американски граѓани и претставници на амбасадата безбедно да ја напуштат земјата.