Тешка ноќ во Украина: Русија нападна со 11 дронови и пет проектили, оштетена болница

Тешка ноќ во Украина: Русија нападна со 11 дронови и пет проектили, оштетена болница

пред 1 година

Во текот на ноќта Русија изврши напад на територијата на Украина со 11 беспилотни летала камикази од типот Шахед и пет проектили, соопшти украинската армија.

Како што е наведено, украинските сили и средствата за противвоздушна одбрана уништија крстаречка ракета „Искандер-К“ и 10  беспилотни летала.

„Руските окупатори извршија нов напад врз Украина, користејќи 4 противвоздушни ракети С-300, крстосувачка ракета Искандер-К и 11  беспилотни летала Шахед-136/131“, објави на Фејсбук Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Униан.

Според соопштението, во рускиот напад е оштетена Централната градска болница во градот Селидово во Доњецката област, како и зградата на рудникот Котљаровскаја.

Текстот Тешка ноќ во Украина: Русија нападна со 11 дронови и пет проектили, оштетена болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top