Тешкиот пожар кај Омиш е ставен под контрола, изгореа околу 1.000 хектари шума

Тешкиот пожар кај Омиш е ставен под контрола, изгореа околу 1.000 хектари шума

пред 56 минути

По тешкиот пожар што во изминатите денови ја зафати областа Омиш, состојбата во текот на ноќта била мирна и немало ново разгорување на пожариштата, соопшти главниот пожарникарски командант на Хрватската пожарникарска заедница, Славко Туцаковиќ, пренесуваат локалните медиуми.

„Сите пожаришта ноќеска беа мирни, немаше нови разгорувања, а пожарникарите дежураа на сите локации. Во текот на денот ќе продолжи санирањето, особено на пожариштето над Омиш“, изјави Туцаковиќ.

Тој додаде дека во текот на ноќта на одредени места имало отворен пламен, но тој бил изгаснат.

Во меѓувреме, Државното обвинителство на Хрватска соопшти дека според досегашниот увид, пожарот избувнал на 13 август околу 20 часот во шумски предел покрај патот во областа Локва Рогозница.

Под влијание на ветерот, огнот потоа се проширил кон Омиш, зафаќајќи подрачје долго околу 23 километри и широко околу 1,5 километри. Според досегашните проценки, изгореле околу 1.000 хектари.

Во присуство на стручни лица од Центарот за криминалистички и форензички вештачења „Иван Вучетиќ“ од Загреб, во саботата продолжил увидот на местото каде што избувнал пожарот. Биле земени материјални примероци кои треба да помогнат во утврдувањето на причината за избувнувањето на огнот.

Текстот Тешкиот пожар кај Омиш е ставен под контрола, изгореа околу 1.000 хектари шума е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top