Телото на девојчето Валерија (9), кое исчезна во Германија на 3 јуни, било пронајдено вчера во шумски предел, соопшти полицијата.
Припадниците на полицијата на денешната прес-конференција потврдија дека телото на девојчето било пронајдено во вторникот во шумски предел кај Добелно.
Деветгодишното девојче последен пат беше видено во понеделникот минатата недела на пат кон училиште во Добелн, но никогаш не стигна таму. Стотици полицајци и десетици доброволци осум дена го бараа девојчето. Нејзиното тело е пронајдено во вторникот попладне во мала шума, која е оддалечена околу 2,5 километра од куќата на нејзиното семејство, пренесува „Билд“.
Валерија, која потекнува од Украина, живеела во Германија со мајка си од 2022 година. Нејзините родители се разведени, а татко ѝ се бори на фронтот во источна Украина.
Текстот Трагичен крај на потрагата по малата Валерија во Германија: телото на девојчето пронајдено во шума, со мајка си побегнала од војната во Украина пред 2 години е превземен од МАКФАКС.