Трамп: Америка треба да наплаќа за премин низ Ормускиот теснец

Трамп: Америка треба да наплаќа за премин низ Ормускиот теснец

пред 2 часа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД треба да наплаќаат за премин низ Ормускиот теснец, а не Иран.

Кога беше прашан дали би поддржал решение во кое Техеран наплаќа од бродовите за премин, Трамп одговори дека би претпочитал САД да го сторат тоа.

„Ние сме победници“, рече тој.

„Победивме. Тие беа воено поразени… имаме концепт според кој ќе наплаќаме за премин“, додаде тој.

Трамп му се закани на Иран дека ќе остане без мостови и електрани ако не го исполни рокот за повторно отворање на Ормускиот теснец.

Трамп рече дека Иран покажува подготвеност за договор, велејќи дека од другата страна има „активен и спремен учесник“ кој сака да постигне договор.

Сепак, тој му даде на Техеран рок до среда наутро да го отвори водниот пат, предупредувајќи дека во спротивно ќе „доживее пекол“.

Кога новинар од „Њујорк тајмс“ го праша дали е загрижен за можни напади врз цивилната инфраструктура, што би претставувало кршење на Женевската конвенција, Трамп одговори дека не е загрижен, но дека се надева дека нема да дојде до тоа.

„Ако мислите дека ќе им дозволам да имаат нуклеарно оружје, можете да им кажете на вашите пријатели во „Њујорк тајмс“ дека тоа нема да се случи“, рече тој.

Додаде дека тоа е „критичен период“ и дека неговата одлука ќе зависи од потезите на Иран.

Тој се закани дека ако Иран не го исполни рокот, ќе остане „без мостови“ и „без електрани“ и ќе биде вратен „во камено доба“.

„Апсолутно можеме да ги бомбардираме“, рече Трамп.

Американскиот претседател изјави дека конфликтот со Иран оставил „лузна врз НАТО што никогаш нема да исчезне“.

„Морам да кажам дека сум многу разочаран од НАТО“, рече тој.

Трамп додаде дека претставниците на алијансата доаѓаат на состанок во среда и дека сега одеднаш сакаат да испратат помош.

Тој тврди дека членките на НАТО не сакале да помогнат сè додека САД не ја добиле војната.

Текстот Трамп: Америка треба да наплаќа за премин низ Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top