Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД многу добро се согласуваат со Иран и дека неодамнешните разговори во Доха поминале успешно.
„Денуклеаризацијата на Иран добро напредува. Имавме многу добри состаноци, па ќе видиме“, им рече Трамп на новинарите.
Според извори запознаени со разговорите, САД и Иран во Доха одржале технички состаноци за условите за пловидба низ Ормускиот Теснец и за постигнување трајно примирје.
„Добро се согласуваме. Иран многу напредува. Добри се тие“, изјави Трамп.
Текстот Трамп: Добро се согласуваме со Иран, тие се добри е превземен од МАКФАКС.




