Трамп: Приоритет е решение на војната во Украина

Трамп: Зборував со кинескиот претседател, повикот беше многу добар

пред 1 година

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека денеска имал добар телефонски разговор со кинескиот лидер Си Џинпинг за голем број прашања, вклучувајќи ги трговијата и ТикТок.

„Повикот беше многу добар и за Кина и за САД. Очекувам заедно да решиме многу проблеми и да почнеме веднаш. Разговаравме за балансирање на трговијата, фентанил, ТикТок и многу други теми“, напиша Трамп во објавата на својата социјална мрежа.

„Претседателот Си и јас ќе направиме се што е можно за да го направиме светот помирен и побезбеден!“.

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа претходно објави дека Кси и Трамп разговарале телефонски денеска, но не наведе дополнителни детали.

 

Текстот Трамп: Зборував со кинескиот претседател, повикот беше многу добар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top