Трамп и Зеленски се сретнаа во Белата куќа: „Имавме добар состанок“

Трамп и Зеленски се сретнаа во Белата куќа: „Имавме добар состанок“

пред 2 часа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска се сретна со американскиот претседател. Доналд Трамп, во Белата куќа, каде што разговараа за новите дипломатски напори за завршување на војната во Украина и за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, пренесува „Киев Индепендент“.

По средбата, Зеленски изјави дека состанокот бил добар и откри дека разговарале за лиценцно производство на пресретнувачи за системот „Патриот“, како и за идеи што би можеле да ѝ помогнат на Украина.

Средбата траела околу еден час и се одржала зад затворени врати. Според извори запознаени со разговорите, се дискутирало и за можен предлог за воздушно примирје, кој подоцна би можел да ѝ биде претставен на Русија.

Разговорите се одржуваат во период кога и Украина и Русија ги засилија воздушните напади, додека Белата куќа соопшти дека Трамп и понатаму е посветен на постигнување мировен договор.

Текстот Трамп и Зеленски се сретнаа во Белата куќа: „Имавме добар состанок“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top