Поранешниот американски претседател Доналд Трамп остро ги осуди новите обврски за носење маски во затворени простории и училишта, без оглед на статусот на вакцинација.
„Нема да ги вратиме, нема да ги маскираме нашите деца“, рече Трамп.
Тој го критикуваше воведувањето на новата обврска и ги повика Американците да ги игнорираат маските, пренесуваат американските гласила.
„Џо Бајден и неговата администрација не научија ништо од минатата година. Храбрите Американци научија како да живеат безбедно и одговорно. Не попуштајте на Ковид-19. Не дозволувајте ова да се случи со нашите деца или нашата земја“, рече Трамп.
Директорката на ЦДЦ Рошел Воленски рече дека децата и наставниците треба да носат маски за време на нивниот престој во училиште, пренесува Њујорк тајмс.
„Без разлика дали се вакцинирани или не, сите Американци кои живеат на локации каде што има многу заразени лица со коронавирус, треба да носат маски. Тоа во моментов важи за околу 63,45 проценти од американските области “, прецизираше директорката на Американскиот центар за контрола и превенција на болести.