Трамп му се закани на Мексико: Веднаш запрете ги мигрантите или двојно ќе ги зголемиме царините

Трамп му се закани на Мексико: Веднаш запрете ги мигрантите или двојно ќе ги зголемиме царините

пред 24 минути

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му се закани на Мексико со двојно зголемување на царините доколку не ги запре големите групи мигранти кои, според неговите тврдења, се движат кон американската граница.

Во објава на својата социјална мрежа „Тру соушал“, Трамп изјави дека по поразот на републиканците на изборите за Конгресот, повторно се случува „инвазија“ на САД.

„Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, на кои ЈАС НЕ БЕВ КАНДИДАТ, повторно се случува ИНВАЗИЈА на нашата земја“, напиша Трамп.

Тој тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти кои се движат кон САД, додавајќи дека меѓу нив има луѓе кои други држави не сакаат да ги примат.

„Мексико мора веднаш да ги запре, а ако не го стори тоа, царините за Мексико веднаш ќе бидат двојно зголемени“, порача американскиот претседател.

Трамп наведе дека за неговото барање се известени мексиканските власти, гувернерот на Тексас, американската Гранична патрола и Службата за имиграција и царинска контрола (ICE).

„Нема да има попуштање“, порача тој.

Во објавата Трамп не понуди докази за тврдењата за мигрантските каравани, ниту прецизираше на кои постојни царини би се однесувало најавеното зголемување.

Текстот Трамп му се закани на Мексико: Веднаш запрете ги мигрантите или двојно ќе ги зголемиме царините е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top