Трамп: Наредив морнарицата да пука во секој брод што поставува мини во водите на Ормускиот теснец

Трамп: Наредив морнарицата да пука во секој брод што поставува мини во водите на Ормускиот теснец

пред 2 часа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, доцна синоќа ѝ нареди на американската морнарица да „пука и убива“ мали ирански бродови што поставуваат мини во Ормускиот теснец, објави денес Асошиејтед Прес.

Трамп ја објави оваа одлука на социјалните мрежи, еден ден откако Иран повторно ја демонстрираше својата способност да го наруши сообраќајот низ тој клучен поморски премин, низ кој минува околу 20 проценти од светската трговија со нафта и природен гас во мирно време.

„Наредив морнарицата на Соединетите Американски Држави да пука во секој брод, без разлика колку е мал, што поставува мини во водите на Ормускиот теснец“, рече Трамп, додавајќи дека американските миноловци „само го расчистуваат теснецот“.

Тој истакна дека овие активности ќе продолжат „во троен обем“.

Непосредно пред таа објава, американската војска заплени уште еден танкер поврзан со шверцот на иранска нафта, дополнително зголемувајќи ги тензиите меѓу Вашингтон и Техеран околу контролата врз теснецот.

Трамп, исто така, објави дека примирјето во Либан меѓу Израел и милитантната група Хезболах ќе биде продолжено за три недели.

Одлуката за продолжување на примирјето е донесена за време на состанокот во Белата куќа со амбасадорите на Израел и Либан во САД, според Асошиејтед Прес.

Текстот Трамп: Наредив морнарицата да пука во секој брод што поставува мини во водите на Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top