Американскиот претседател Доналд Трамп наводно се подготвува да ја засени инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари, така што тој ден ќе направи опозициски митинг на кој ќе ја потврди кандидатурата на изборите во 2024 година, пренесе „Индепендент“.
Лондонскиот весник пишува дека Трамп планира да ја напушти функцијата во „драматичен стил“, користејќи ги сите свои моќи, кои ги има еден претседател.
Освен тоа, Трамп планира да ја напушти Белата куќа летајќи со претседателскиот авион Ер Форс еден до Флорида, каде ќе им се обрати на приврзаниците.
„Индепендент“ наведува дека претходно „Ен-Би-Си њуз“ известил дека извори блиски до Трамп велат дека тој нема да биде на инаугурацијата на Бајден, а можеби нема да му упати ниту повик да дојде со сопругата Џол во Белата куќа, што е обичај во САД.