Трамп: Постои голема омраза меѓу Путин и Зеленски

Трамп: Постои голема омраза меѓу Путин и Зеленски

пред 2 часа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија се во тек и напредуваат „нормално“, но дека постои голема „омраза“ меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

„Постои огромна омраза меѓу овие двајца лидери, Путин и Зеленски. Разговараме. Сè оди добро. Војната мора да престане“, изјави Трамп пред новинарите во неговиот имот Мар а Лаго во Флорида, според Јутјуб каналот на Белата куќа, пренесуваат мердиумите во регионот.

Кога новинарите го прашаа дали ќе инсистира Божиќ да биде крајниот рок за постигнување мировен договор, Трамп рече дека се надева дека конфликтот ќе заврши.

„Веќе не трошиме пари за оваа војна. (Поранешниот претседател Џозеф) Бајден даде 350 милијарди долари и којзнае што се случи со тоа. Сега продаваме ракети, авиони и најдобра воена опрема на НАТО. Значи, не фрламе пари како што правевме во времето на Бајден. Тој беше будала и она што ѝ го направи на земјата е ужасно“, истакна американскиот лидер, според написите.

Тој повтори дека завршил осум војни и дека „сите се уморни од оваа војна“.

Во последните недели, САД ги обновија своите напори за посредување во мировен договор меѓу Москва и Киев. По неколку рунди разговори, нацрт-документот се смета за поприфатлив за Киев, но сè уште постојат разлики околу територијалните и безбедносните гаранции.

На 14 и 15 декември, украинската делегација ги продолжи преговорите во Германија со учество на специјалниот претставник на американскиот претседател Стивен Виткоф и Џаред Кушнер.

Во Мајами, од 19 до 21 декември, украинските и американските делегации одржаа серија состаноци за мировниот план и разговараа со претставници на Русија, но немаше знаци на напредок и не беа најавени нови состаноци.

Фото: депозитфотос

Текстот Трамп: Постои голема омраза меѓу Путин и Зеленски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top